четврток, 10, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Македонија освои 18 медали на меѓународен натпревар во Џиу Џица, од нив 11 златни

Македонскката репрезентација освои 11 златни медали во бразилска џиу џица, 5 сребрени, 2 бронзени и трето место во екипна конкуренција на Маѓународниот натпревар „Абудаби Про“ Србија

октомври 7, 2023
in СПОРТ
Македонија освои 18 медали на меѓународен натпревар во Џиу Џица, од нив 11 златни
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Златните девојки и момчиња, и сите носители на освоените 18 медали од турнирот „Абудаби Про Србија“, членовите на македонската репрезентација за бразилска џиу џица (Би-џеј-џеј) кои се закитија со 11 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали беше причина за посета во куќата на спортот, Агенцјата на млади и спорт во Скопје.

Македонските натпреварувачи се бореа во неколку младински и сениорска возрасна група, во конкуренција на над 300 натпреварувачи од 24 држави.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Најуспешен и секако најзабележителен беше настапот на 17-годишната Даниела Алексовска, која освои три златни медали, од нив два во конкуренција за возрасни. Во финалето ја совлада противничката од Обединети Арапски Емирати, која е 16-та на светската ранг-листа и втора во Азија.

Даниела Алексовска (17 год.) е носител на три златни медали

Златни медали освоија уште и Гораст Василевски (до 94 кг.), Марко Петровски (до 69 кг.), Стефан Пецевски (до 85 кг.), Ева Илиевска (до 95 кг.) во сениорска категорија, како и Тони Блажевски, Марко Трајковски, Антонио Трајковски и Петар Џатевски во различни возрасни категории до 18 години.

Меѓу 24 репрезентации, Македонија го освои третото место на поени, зад Србија и Босна и Херцеговина, додека во конкуренција на клубови, „Д Стронгест“ заврши на второто место, а Енсо џиу џицу осмото, од 32 пријавени клубови.

Македонските медалисти во бразилска џиу џица на Меѓународниот турнир „Абудаби Про Србија“

Сите медалисти на Македонија

ЗЛАТЕН МЕДАЛ
1. Даниела Алексовска – (три златни медала) – има само 17 години успеа да слави во конкуренција над 18 години во категоријата до 55 килограми, кафеави и црни појаси. Алексовска славеше и во категоријата до 63 килограми под 18 години, како и во категоријата до 55 килограми, виолетови појаси без кимоно.:

2. Тони Блажевски, во категорија -50кг до 14 години зелени и портокалови појаси (златен медал)
3. Марко Трајановски, 84кг -15 години зелени и портокалови појаси (златен медал)
4. Антонио Трајковски, бели појаси -8 години -30 кг (златен медал)
5. Петар Џатевски, бели појаси -8 години -26кг (златен медал)
6. Гораст Василевски, виолетови појаси +18 години -94кг (златен медал)
7. Марко Петровски, +18 години -69кг сини појаси без кимоно (златен медал)
8. Стефан Пецевски, +18 години -85кг црни појаси без кимоно (златен медал)
9. Ева Илиевска, +18 години без кимоно виолетови појаси -95кг (златен медал) и (сребрен медал) со кимоно

СРЕБРЕН МЕДАЛ
10. Давор Метовиќ, (2 сребрени медали) во категории со и без кимоно -62кг +18 години бели појаси
11. Леонид Димовски, (сребрен медал) до 10 години – 27кг
12. Андреј Марков, (сребрен медал) сини појаси +18 години -77кг без кимоно

БРОНЗЕН МЕДАЛ
13. Иван Милошев, (бронзен медал) сини појаси +18години -85кг
14. Анџела Стамкова, (бронзен медал) -52кг -15 години зелени и портокалови појаси.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Нобеловата награда за мир за 2023 ја доби Иранката Наргес Мохамади

Next Post

Израел утрово е ракетиран од Хамас, прогласена е воена состојба

Next Post
Израел утрово е ракетиран од Хамас, прогласена е воена состојба

Израел утрово е ракетиран од Хамас, прогласена е воена состојба

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интензивни градежни работи на новата Пречистителна станица во Дојран

Интензивни градежни работи на новата Пречистителна станица во Дојран

10 месеци ago
Ветерниците спасени, “Брдаров камен” оладен

Ветерниците спасени, “Брдаров камен” оладен

2 години ago
Винска соба во срцето на старата гевгелиска чаршија

Винска соба во срцето на старата гевгелиска чаршија

2 години ago
Влатко Семенаков Победник на „Гевгелиски Велотлон 2025“

Влатко Семенаков Победник на „Гевгелиски Велотлон 2025“

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ
  • Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош
  • ВИДЕО: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

Грчки канадери стасаа и го гаснат пожарот во Николиќ

јули 9, 2025
Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

Tрет ден гори во Дојранско Асанли, пристигна и хеликоптер на помош

јули 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist