Најмалку 22 лица се убиени во ненадејниот напад што милитантната група Хамас го почна утрово, според информациите на израелската спасувачка служба Маген Дејвид Адом.
МДА соопшти дека се пријавени над 200 повредени лица, објави „Си-ен-ен“.
Спасувачката служба не објави колку од убиените или ранетите се цивили.
Хамас започна координиран напад врз Израел – по копно, море и воздух – убивајќи најмалку 20 луѓе, земајќи заложници и преземајќи ги пограничните градови. Дописникот на „NEWSMAX“ од Ерусалим, Даниел Коен дава детали, во видеото шт следува:
Израел е „во војна“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху откако милитантите од Појасот Газа истрелаа над 2.000 проектили и се инфилтрираа во јужните делови на земјата во ненадеен напад.
Еве какви се реакциите на граѓаните кои го снимаат немирот по нападите низ улиците на Ерусалим.