Според австралиските медиуми, Љубица Бакреска е најстарата Македонка во Австралија, соопштија Австралиските медиуми Таа е родена на 7 октомври 1923 во селото Велгошти кај Охрид.
Нејзиниот 100-ти роденден беше прославен во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ каде присутни беа и членовите на нејзината фамилија.
Кралот Чарлс, генералниот гувернер на Австралија Дејвид Харлеј, премиерот на Западна Австралија Роџер Кук, се само некои од официјалните лица кои упатија честитки по повод нејзиниот роденден. Од името на Македонија честитка упати македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска-Сековска, а поздравната телеграма ја прочита почесниот македонски конзул Зоран Ќосески.
Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, 10 правнуци и шест пра-правнуци.
На прашањето во што е тајната на долгиот живот таа одговори: редовно пеење и добро шетање во природа.