недела, 22, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“

Првата приватна семејна винарија во Гевгелија „Јостела“ која годинава одбележува свое полнолетство од основањето, со гордост споделуваат искуства од учеството на вториот национален саем на храна и пијалоци во Македонија „Вкуси ја традицијата“

октомври 9, 2023
in ФОКУС
„Јостела“ од Гевгелија на саемот „Вкуси ја традицијата“
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Првата приватна семејна винарија во Гевгелија „Јостела“ која годинава одбележува свое полнолетство од основањето, со гордост споделуваат искуства од учеството на вториот национален саем на храна и пијалоци во Македонија „Вкуси ја традицијата“.
Како репрезенти на вкусот на винското поднебје од југот тие се од почетокот на манифестацијата, уште првата востановена година на саемот, дел од излагачите на традиционалните пијалоци во Македонија, виното и капката домашна ракија од сопствено производство, со внимание зреени и чувани во винските подруми на „Јостела“.

Ги запрашавме „Како ја доживеавте саемската манифестација меѓу 400-те излагачи кои годинава учествуваа на саемската презентација?“

Related posts

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

јуни 22, 2025
Приведена гевгеличанка – бегалка од затвор

Приведена гевгеличанка – бегалка од затвор

јуни 21, 2025

– „ Ова е веќе второ претставување на винарија „Јостела“ на саемот „Вкуси ја традицијата“. Ни’ беше чест за првпат да учествуваме на минатогодишното издание, кога бевме поканети како дел од организацијата Slow Food Македонија. Веќе знаевме дека не чека еден динамичен и забавен ден поучени од претходното искуство, а атмосферата навистина беше прекрасна. На наше големо задоволство наидовме на народ кој навистина се интересира за локално продуцирано вино и ракија и го цени квалитетот кој доаѓа од семејните винарии. Сончевото време додатно не’ развесели“ – велат од тимот на „Јостела“.

Навистина, посетениот штанд и празните флаши упатуваат на добри посетители кои вкусот на преточеното сонце од гевгелиските лозја во капките пијалок на „Јостела“ ги натерало посетителите да ги дегустираат до искап. Ги запрашавме „Со кои вина и пијалоци се претставивте на самемот?“

– „ Горди сме што бевме во можност да се претставиме со целиот наш вински репертоар. Понудивме сортни вина како „Мерло“, „Каберне Совињон“, „Жилавка“ и „Розе“, но и вина од нашата Премиум колекција: „Нуит“ (Розе Куве) и „Гаудиум“ (ексклузивно црвено барикирано вино, одлежано во дабови буриња). Бевме малку изненадени зошто голема побарувачка имаше за Мерлото, иако очекувавме да луѓето сеуште гравитираат кон сувото бело вино Жилавка поради топлите температури.
Јостела исто така располага со доста завиден репертоар на жестоки пијалоци, па успеавме да понудиме и дегустација на истите. Тука спаѓаат лозовата ракија „Симфонија“, „Дуња“, „Вилјамовка“, „Траварица“ и ликер од „Вишна“. Како што и очекувавме, Дуњата повторно се покажа како хит која ги освои срцата на посетителите и купувачите“ – изјави за GevgelijaNet.com Петра Бранковска, oдговорно лице за маркетинг во винарија „Јостела“


Со добрата културно-уметничка прграма на саемскиот простор во Градски парк Скопје, со звуците на „Тешкото“ со настап на групата „Баклава“ и други домашни изведувачи, со присуство на над 2.000 домашни производи изложени на над 80 штандови, добриот пијалок се лееше меѓу посетителите, особено на топлото време невообичаено за октомври. Па сепак ја запрашавме нашата соговорничка: „Каков беше впечатокот на посетителите?“

– „Впечатокот на посетителите беше навистина позитивен. Имавме можност да разговараме со многу луѓе кои не само што беа заинтересирани за нашите производи, туку сакаа да знаат повеќе за нашата приказна и улогата која ја има „Јостела“ во руралниот туризам. Воочивме дека се раѓа една голема желба и потреба за алтернативни активности како посета на помали винарии со можност за дегустација, мезе и уживање во природата наоколу, далеку од сивилата на големиот град. После оваа манифестација очекуваме бројот на резервации за дегустации на самата винарија да се зголеми“ – го сподели оптимизмот од саемот и реакцијата на посетителите со нас, вработената во секторот маркетинг, Бранковска.


Гевгелија го познава вкусот на домашното вино од старите производители на домашната капка, но и локалните познавачи и мајстори од некогашниот „Винојуг“ производен гигант од Гевгелија и расадник на многу квалитетни мајстори на традиционалните вкусови и занаетот на добрата капка. Винаријата „Јостела“ е кадровски изданок од еден таков познавач од гигантот „Винојуг“.

GevgelijaNET: Споделете ни’ го искуството за Вашите почетоци и производен растеж на семејната винарија „Јостела“

– „Јостела е мала семејна винарија основана во 2005 од господин Јован Гелебешев. Неговата кариера е пространета од некогашен „Винојуг“ па се до „Бадел“ од каде што се пензионира. Моментално винаријата е водена од неговата ќерка, Венера, која е исто така енолог по професија со 30+ години искуство (долги години работела како директор на продукција и главен енолог во скопски „Сковин“). Традицијата ја продолжува нејзиниот син Стефан, кој исто така екслкузивно работи крај неа. Годишно се произведуваат околу 30 000 шишиња вино, а вината може да се најдат во специјализирани продавници за вино во Скопје како „Wine Berry“, „Fine Wine“, „Wine Counter“, „Alkoteka“, во Охрид во „Fort Cafe“, а може да се прават нарачки и онлајн на нашата веб страна www.jostela.mk како и на vinomarket.mk – одговори нашата соговорничка Петра Бранковска.


Сега знаете дека традицијата ја создаваме самите, ја чуваме самите ние луѓето кои не ги забораваме старите вкусови, некои како производители, а повеќето од нас како консументи.
Во името на традицијата и добриот вкус од југот на Македонија им благодариме за успешната презентација на „Јостела“ што го споделија вкусот на Гевгелиското поднебје со посетителите на националниот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“.

Ако не бевте на саемот, традицијата можете да ја вкусите и со посета на винаријата лоцирана на „Моински пат“ да си нарачете дегустација, каде добрата капка ќе биде сервирана и со добро мезе.

Наздравје!

Дегустација на вина во амбиенталните лозови плантажи на „Јостела“ во Гевгелија
ShareTweetShareSend
Previous Post

„Мобилност“ Гевгелија на Републички квиз натпревар

Next Post

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

Next Post
ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските средношколки ПРВИ на зонско во кошарка

Гевгелиските средношколки ПРВИ на зонско во кошарка

6 месеци ago
СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

1 година ago
Тешка сообраќајка во Валандово – прегазено е 7 годишно дете

Тешка сообраќајка во Валандово – прегазено е 7 годишно дете

1 година ago
На ГП „Богородица“ спречен влез на мигранти, запленета стоката и камионот во кој се превезувале

На ГП „Богородица“ спречен влез на мигранти, запленета стоката и камионот во кој се превезувале

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци
  • ВИДЕО: Богата програма на „На сред село во Негорци“
  • САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

јуни 22, 2025
ВИДЕО: Богата програма на  „На сред село во Негорци“

ВИДЕО: Богата програма на „На сред село во Негорци“

јуни 22, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist