Денес празнуваме со мисла на искажана почит и благодарност кон нашите херои од 11-октомвриското победничко востание, кога Македонија застана во редот на прогресивните светски сили и во текот на НОБ избори своја слобода, самобитност, држава.
Тој непокор на нашите предци уште трае затоа се вее знамето високо, слободно и гордо, и слободната мисла на секој од нас да посака просперитет и живот во напредок, во демократска, европска и модерна Македонија и тоа да го оствари со модерни економско-политички, меѓународно стратешки одлуки без војни и жртви.
Вечна слава на паднатите борци!
Вечна да си Македонијо!
Фото: Старата Гевгелиска чаршија со поглед кон Македонското знаме