По повод 79 години од ослободувањето на Богданци, на Oпштинскиот празник 10-ти Октомври во Дом на култура „Бранд Петрушев“ се оддржа свечена академија, како знак на сеќавање на денот кога Богданци осамна пред светлината на слободарското сонце.
Пред присутните гости и претставници на општествено-политичкиот живот во градот, настапи Марија Ичкова со нашата химна, по што беше прикажана видео презентација за градот, а потоа настапија Билјана Дуева ученичка од СОУ „Богданци со изведба на песната „Со маки сум се родила“, ФА „Мегдан“ предводени од Петар Стојчевски и интерпретација на ученички од СОУ „Богданци“ со песната „Тешкото“ од Блаже Конески.
Обраќање на академијата имаше Градоначалникот, Блаже Шапов, кој меѓу другото истакна дека хероите од градот и околните места водени од личната и колективната иницијатива за слобода и подобар живот, во виорот на Втората Светска Војна храбро се бореле против фашистичкиот окупатор положувајќи го својот живот за иднина која денеска ја уживаме како генерација и за генерациите после нив.
По повод овој значаен и голем празник за нашиот град, градоначалникот Благој Шапов од името на Општината ги одликува со посебно признание луѓето кои со својата поддршка придонеле во растот и развојот на општина Богданци. Плакети за посебни достигнувања во одредени области добија г-ѓа Каја Шукова – Министер за жовотна средина, г-ин Илмиасан Даути – Програмски менаџер на УНДП, г-ин Кирил Каркалашев од ЈП за Државни патишта, Росица Шабанова – Директор во СОУ „Богданци“, „Интерглобус Лепобекара ММ“ и ученичката Катја Гогова за постигнатиот голем успех на Светската Хипо Олимпијада во Италија.
Забавниот дел од програмата се оддржа во Градскиот Парк во Богданци каде настапи Марија Ичкова со својот бенд и Христијан Настевски „Пајак“.
Општина Богданци празникот го одбележа и со пропагандно видео за растежот на својата општин.
Честито годишнина од ослободувањето на Богданци и општинскиот празник!
Вечна благодарност до хероите кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето на својата татковина!