Младиот 16 годишен ракометар од РК „Партизан“ Гевгелија, Васко Зајков денеска освои пехар за најдобар голгетер на Меѓународниот турнир што се одржа викендов од 13 до 15 октомври во Бугарија.
После три натпревари и последователни прогласувања за најдобар стрелец од секој натпревар Зајков заслужено го освои пехарот и го носи во Гевгелија.
Екипата на „Партизан“ од Гевгелија на третиот ден од турнирот во конкуренција меѓу ракометни екипи од Бугарија, Турција и Македонија го освои 4-то место.
Доследно претставување на момците од Гевгелија и патоказ дека треба да „произведат“ повеќе стрелци во играта на терен за да се враќат со пехари во Гевгелија.
Турнирот „Атанас Карабељов“ се одржува во општината Гоце Делчев во Бугарија. Организатор на истиот е РК „Пирин 64“ од домаќинската општина Гоце Делчев од Бугарија.
Освен нашите гевгелиски ракометари на Меѓународниот турнир учествуваат екипи од Турција и Бугарија. Од Македонија учествуваат уште РК „Астарион“ од Струмица и РК „Куманово“ од Куманово. Учествуваат младинци родени 2006 и 2007 година.