четврток, 17, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Ултра маратонците истрчаа од срце за Тоше до дома, до неговото Крушево!

Учесниците на 16-от меморијален маратон за Тоше дочекани со рози на Гумење, вечното почивалиште на Македонската и Балканска музичка ѕвезда

октомври 16, 2023
in MАКЕДОНИЈА, БАЛКАН
Ултра маратонците истрчаа од срце за Тоше до дома, до неговото Крушево!
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ултра маратонците кои трчаа од Нова Градишка до родното Крушево во сеќавање и помен на 16 годишната загуба на Тоше Проески на пладне пристигнаа во родното место на македонската прерано почината музичка легенда.

Меѓу 13-те маратонци, деветмина се атлетичари од Македонија кои пожртвувано и со почит истрчаа 900 километри за Тоше симболично „со нозе“ да се врати дома, а не во ковчег со хеликоптер.
Меѓу маратонците се и тројца Гевгеличани: Тодор Анчев, Влатко Семенаков и Марјан Туртуров.

Related posts

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

јули 17, 2025
ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Учесниците на 16-от Маратон за Тоше пристигнуваат во Крушево

Со црвени рози на Гумење во Крушево беа пречекани 13-те маратонци, кои по 16-ти пат го трчаа маратонот во чест и за љубов на најголемата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври во 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска од каде маратонците го почнаа својот маратон, па преку Македонија низ Крушево до неговото вечно почивалиште на Гумење.

Црвени рози за маратонците пред пристигнувањето на Гумење, вечното почивалиште на ТОШЕ

– „Ова е за Тоше, нашиот ангел, за најсаканата личност во нашава држава. Ова е 16-та година без нашиот ангел и 16-ти ултрамаратон. Синоќа на Плетвар и дожд и ветер, ама денот во Крушево нѐ огреа сонце, како што тоа го правеше нашиот Тоше. Ова е малку што го правиме за големиот човек со уште поголемо срце за сите нас. Затоа го носиме во срцето“ – изјави маратонецот Наум Капричевски.

– „На Гумење се поклонуваме на вечното почивалиште на Тоше. Годинава имаме неколку нови маратоци и секоја чест на сите. Само за нашиот ангел Тоше, кој е и љубов“ – рече маратонецот Никола Геов.

Во спомен-куќата на Тоше, каде се 360 експонати и која за 12 години ја посетиле над еден милион гости, беше отворена знаковна изложба и за слепите лица да можат да ја доживеат поставката. Спомен куѓата ја посетија и маратонците.

Пред славното Гумење, маратонците ги пречека шпалир од црвени рози.


Идејата веќе шеста година да се пречекуваат маратонците со црвени рози е на учениците од крушевското средно училиште „Наум Наумоски-Борче“. Тие на Гумење ги пеат и песните на Тоше, потсетувајќи дека сите генерации ги знаат.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Албумот „The Hardest Thing“ на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран. Тодор Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче” (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

ShareTweetShareSend
Previous Post

16 години без ТОШЕ!

Next Post

Подвигот на Никола – најмалиот планинар од Гевгелија

Next Post
Подвигот на Никола – најмалиот планинар од Гевгелија

Подвигот на Никола - најмалиот планинар од Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

3 години ago
Загина 30-годишна македонка во сообраќајна несреќа во Грција

Загина 30-годишна македонка во сообраќајна несреќа во Грција

1 година ago
Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош

Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош

3 месеци ago
Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

2 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите
  • Полицајци Хуманитарци!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025
Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist