16 Октомври 2007, 06:20 часот, ден кога плачеше цела Македонија. 16 болни години, 16 години незаборав! 🖤 На овој ден ја слушнавме тажната вест за несреќата во која загина Македонската и Балканска музичка ѕвезда, нашиот ТОШЕ ПРОЕСКИ!
“Те бараме во песните, нотите и стиховите, во секоја твоја насмевка и во секое твое ,,Ве сакам сите”. Тоше, Македонска убавино, вечен нека е споменот твој!” – напиша за него македонскиот писател Гане Тодоровски.
Денеска си сеприсутен, а сепак недостижно отсутен. Ни’ фали твојата книга неиспишана, со празните страници, со концетрите недопеани, со љубовта непотрошена, а толку моќна, да не’ држи опиени сите, по тебе, по твојата човештина.
Вечен спокој ангелу наш!