За прв пат 100 земјио од светот пеат и свират за Земјата. Намерата е сите средства собрани од емитување и изведување на спотот да бидат наменети за чистење и заштита на нашата планета Земја.
– „Целиот профит од нашите снимки е дониран на невладини организации кои активно работат на чистење и зачувување на нашата планета“ – изјавуваат од продукцијата .
Meѓу 100-те земји кои се повикале на хуманоста и учествуваат во оваа изведба е и Македонија. Наш претставник е Теодора Гошева од Гевгелија. Младата музичарка, пејачка, изведувачка, текстописец и самостоен музички уметник се појавува како 19-ти по ред изведувач на заедничката песна, со светскиот музички состав „ONE“.
Погледнете го Видеото во прилог, на 3:19 се појавува и пее нашата Теодора, која се потпишала како ТЕДА од Македонија, од своето студио украсено со закачените гитари, бенџо, нејзиното укулеле и продорниот глас.
Спотот е веќе емитуван на светските канали: ABC, NBC, CBS, и на стотици други медиуми.
Браво Теодора!
ЛИНК до ВИДЕОТО – погледнете ОВДЕ