Нелегално транспорт на мигранти низ територијата на државата стави зад решетки еден млад гевгеличанец.
На 18.10.2023 во 19:50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија.
При преглед во патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според Кривичниот закон на РСМ, член 418-б, на сторителот кој нелегално превезувал мигранти му се запретува казна затвор од 1 до 5 години, a „предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат“.