Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија Наум Танески, го објави скратениот список на повикани ракометари за селекција. На списокот партиципираат 24 ракометари, сите повикани играчи доаѓаат од домашните клубовиима и еден интернационалец
Меѓу избраните е и Ѓорге Атанасов,, десно крило од РК „Младост 1977“ од Богданци.
– „Ѓорге Атанасов е еден од најдобрите наши левораки играчи кој е дел од првиот наш тим, а кој минатата сезона беше втор стрелец и тоа во сениорскиот тим на само 16 години. Атанасов Ѓорѓе ќе биде дел од кадетската селекција на Македонија каде ќе го пренесува стекнатото сениорско искуство со помладите негови врсници“ – вели тренерот на РК „Младост 1977“ Богданци Роглев Никола.
Тој му посака многу здравје, успеси, и да продолжи по патот по кој досега одеше на забележителниот ракометен стрелец од југот, Ѓорѓе Атанасов.
Ѓoрге беше во првиот список на ракометни репрезентативни кадетии на Македонија што го објави селекторот на 3 октомври со вкупно 41 ракометар. По изборниот тренинг во Автокоманда списокот на кој имаше 41 ракометар, беше скратен на 24, во кој се наоѓа и еден интернационалец.
Станува збор за Мишел Поп Андонов, кој прикажува одлични игри во норвешкиот шампионат во младинските конкуренции.
Избраниците на селекторот Танески ќе бидат во конкуренција за настап на „Трофеј Карпати“ во Романија.
Турнирот ќе се одржи од 25 до 29 октомври, а покрај домаќинот Романија на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Египет и Црна Гора.
Настапот на овој турнир ќе биде дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 година што ќе се играат во Скопје, а ривали на Македонија ќе бидат Швајцарија, Словачка и Косово.