Со растот на просечната плата во Македонија, автоматски порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.
Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.
Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.
Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15, заклучно со 31.12.2023 година.
Оваа година К-15 ќе добијати административците од 10.000 денари, а од наредната година сумата која ќе им се исплаќа на буџетарите ќе биде 30 отсто од просечната плата.
За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
– „-Ако газдата на фирмата не сака да исплати К-15 на вработените, тогаш се соочува со казна до 4.000 евра, а за оние работодавачи, пак, кои бараат да им се вратат во кеш исплатените пари за К-15, предвидена е затворска казна од 3 до 12 месеци“ – објаснуваат од ССМ.