Света Петка била Светителка од градот Епиват, родена кон крајот на 10 век, починала во 11 век – почнува денот кој според календарот на МПЦ се празнува во нејзина чест, 27 октомври.
Света преподобна Петка се смета за заштитничка од разни болести и несреќи, заштитничка на сиромашните, болните, заборавените, поради што народот уште ја нарекува и мајка Параскева.
Нејзините чудотворни и исцелителни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега, тие се наоѓаат во Романија, во градот Јаш. Во Скопје, во населбата Црниче, постои црква посветена на оваа светица. Во нашата општина во с.Прдејци Црквата го носи нејзиното име и овде вчева се одржа акатис со петолебие, а денеска ќе се одржа свечена литурција.
Утрена богослужба во 07:00 часот во чест на Св.Петка ќе се одржи денеска во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија, а Светата литургија ќе започне во 08:30 часот.
Нека биде мирен и здравоудобен денешниот ден во чест на преподобна Параскева. Света Петка нека донесе Здравје, Среќа, Спокој, Љубов, Мир и Слога во секоја душа!