Со пригодна културно-уметничка програма вчера попладне во Младинскиот дом во с.Прдејци, гевгелиско започнаа чествувањата за денот на заштитничката Света Петка, инаку и именосец на тамошната селска црква.
На сцената настапија ветераните на КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, а свој сценски настап имаше и актуелната постава играоррци на КУД од Негорци.
Како гости во збогатувањето на програмата учествуваа и членовите на КУД „Негорци“ од Негорци.
Програмата која ја следеа голем број граѓани од Прдејци и гости од околните места продолжи со отварање изложба на стари фотографии од минатото кои го отсликуваат животот во ова населено место од општина Гевгелија, со своите културни традиции и придонесот на локалната заедница.
Во пресрет на празникот Св.Петка во локалната црква во Прдејци вчера беше одржан ататист со петолебие, а денеска се одржа света литургија.
Празничните одбележувања продолжуваат со отворените домови на мештаните за посета, честитки за добро здравје и благослов за благород и успех.
Света Петка, преподобна Параскева на помош да е!
Фото: с.Прдејци