Во чест на заштитничката Св.Петка во с.Прдејци традицоионално покрај културните свечености и црковни чествувања секоја година се одигрува и пријателски натпревар во фудбал помеѓу екипата на „Вардар“ од Прдејци и тимот на Негорци.
Така беше и денеска. Зелениот терен донесе многу игра и возбудувања за љубителите на голови, така што можеа да видат дури осум згодитока во гол мрежите.
Резултатот заврши со 7 : 1 за гостите од Негорци.
Домаќините коментираа: „Не е важен резултатот важна е дружбата со милите комшии од Негорци“.
И, така беше. Средбата од фудбалскиот терен се пресели во Младинскиот дом каде беше посетена изложбата на стари фотографии од културниот и спортскиот живот на славениците, жителите од Прдејци. Потоа, како што е редот, домаќините ги почестија со ручек гостите од соседството, негорчаните.
Фер игра, спортско другарство кое трае!
Фото: с.Прдејци