СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Д.(63) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 10.05.2023 година, по вест од еден медиум објавена на социјалната мрежа Фејсбук, поставил коментар со кој ширел говор на омраза, јавува МВР.
Ова е показател дека интернет просторот не е место за безгрешно и неказниво истурање на омразата.
Кривичната пријава против 63 годишниот гевгеличанец е доставена до Јавното обвинителство, кое е законски надлежно за постапување во ваков случај.
Осомничениот се соочува со казна затвор од 1 до 5 години, според член 314-г од Кривичниот законик на РСМ во кој законодавецот пропишал:
Член 394-г
(1): „Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој којшто делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање“.