Едукативна посета на учениците од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци во Гевгелија каде ја посетија Градската библиотека „Гоце Делчев“ денеска беше реализирана на радост на учениците.
За да биде едукацијата комплетна и самото патување имаше едукативен карактер – беше посетена Железничката станица во Гевгелија. Учениците посетија и патнички вагон и уживаа во божемното патување со воз. Така учениците од прво и второ одделение со наставничките Македонка Узунова и Сузана Попова учеа за железничкиот сообраќај.
Првото „возење“ беше бесплатно за овие умни глави кои сакаат да патуваат и да учат низ патувањето.
Низ разгледување и лично доживување малите патници направија и фото запис од посетата на Железничка станица Гевгелија. Ао можеле овде да се фотографираат великодостојници кои ја посетиле Гевгелија низ вековите, можат и тие.
Потоа следуваше прошетка низ Гевгелија и посета на Градската библиотека. Книги, полици со книги, страници и страници испишано знаење, историја, сето беше на увид на учениците.
Читаа, слушаа што им презентира библиотекарскиот работник, се забавуваа низ полиците на библиотеката ,,Гоце Делчев“ во Гевгелија.
Убав школски ден за учениците од ООУ „Ристо Шуклев“ – прошетка и учење.