Денеска (31.10.2023) полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи „Југ“ – Полициска Станица за Граничен премин и Граничен надзор „Богородица“ околу во 19:30 часот во с. Давидово го лишиле од слобода М.Г. (21) од Гевгелија.
Причина за приведувањето е што гевгеличанецот М.Г. со патничко моторно возило “Фолксваген Туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои 2 малолетни лица.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава
Според Кривичниот закон на РСМ за делото криумчарење на мигранти на осомничениот сторител му се заканува казна затвор до 4 години затвор, а според член 418-б, став 4 „Ако делото од став 1 и 2 е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години“ – (завршен цитат од КЗ).
Фото: МВР архива