недела, 3, декември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември

Денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор во далечната 1944 година, 7 Ноември и годинава ќе биде одбележан со низа културни и спортски настани

ноември 1, 2023
in ФОКУС
Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември
0
SHARES
352
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор во далечната 1944 година, 7 Ноември и годинава ќе биде одбележан со низа културни и спортски настани во органзација на јавните установи на локално ниво и спортските организации.

Програмските случувања ќе се одвиваат од 3-ти ноември (петок) па се до празничниот ден 7 ноември (вторник) следната недела.

Related posts

„И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“ – активности на лицата од Дневниот Центар Гевгелија

„И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“ – активности на лицата од Дневниот Центар Гевгелија

декември 1, 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ – МЗШВ доделува дополнителни субвенции за 2023 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ – МЗШВ доделува дополнителни субвенции за 2023 година

ноември 29, 2023

Чинителите на програмата денеска на прес конференција ги објавија настаните кои за јавноста ќе бидат бесплатни и празнични.

Претставници на јавните институции кои се реализатори на празничната програма: С. Марковски, Ц.Танчевска, М.К.Массетти, Ѓ.Милков и А.Делиџаков

Празничната програма се отвара со Свечена академија на СОУ „Јосиф Јосифовски“ по повод 70 години гимназиско образование во Гевгелија.
На 4.11. (сабота) ќе се одвиваат детските трки и првата инклузивна трка на големиот спортски настан „November Run Gevgelija 2023“. Трките стартуваат од 13:30 па се до 16:00 часот кога гевгелиските улици ќе ги запоследнат над 1.000 деца пријавени за трките од генерација 2017 (6 годишна возраст) и нагоре, до генерација 2010 (13 годишна возраст).
Вечерниот термин е резервиран за пијано концерт на Глигор Гелебешев, музички уметник кој е роден во Гевгелија и овде го завршил и основното музичко образование во музичкото училиште „Васо Карајанов“ во Гевгелија.

Недела, 5.11. се главните трки на стази од 5 и 10 километри од меѓународниот спортски настан „November Run Gevgelija 2023“.
Вечерниот термин е резервиран за манифестацијата „Фолклорен ѓердан“ со настап на КУД од општината и регионот.

Понеделник 6.11. свој термин традиционално за празникот имаат гевгелиските уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија кои творат во Гевгелија и ги сликаат спомените од југот, со вечерен термин во изложбениот салон на објектот АМАМ Гевгелија.
Потоа следува театарската претстава „Аудиција“ на Владимир Милчин со гостување на актерскиот ансамбл на НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Празничниот ден 7 Ноември ќе започне со полагање свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци за време на НОБ од Гевгелија и Гевгелиско. Советот на општината ќе има свечена седница, а чествувањата ќе ги затвори концертот на гудачкиот камерен оркестар „АЈГА“.

Петте дена празнична програма ќе донесе девет настани за публиката, свечена Академија, шест трки, пиано концерт, фолклорна вечер, изложба на уметнички дела, театарска претстава и цвеќе за борците од НОБ.

Нека ти е честита 79-та слободарска годишнина Гевгелија!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Бесплатен ученички оброк за деца од ранливите категории семејства

Next Post

ВИДЕО: Победи и заплака – „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

Next Post
ВИДЕО: Победи и заплака –  „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

ВИДЕО: Победи и заплака - „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските шахисти се изборија за бараж за Прва Лига

Гевгелиските шахисти се изборија за бараж за Прва Лига

5 месеци ago
Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

8 месеци ago
Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

10 месеци ago
МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ЗГ „Мобилност“ Гевгелија со трибина и спортски игри го одбележа 3-ти Декември
  • „Dojran Open 2023“ – Каратистите од КК „Дојран“ освоија 23 медали, севкупен победник е КК „Сансаи“ од Кавадарци
  • 1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ЗГ „Мобилност“ Гевгелија со трибина и спортски игри го одбележа 3-ти Декември

ЗГ „Мобилност“ Гевгелија со трибина и спортски игри го одбележа 3-ти Декември

декември 3, 2023
„Dojran Open 2023“ – Каратистите од КК „Дојран“ освоија 23 медали, севкупен победник е КК  „Сансаи“ од Кавадарци

„Dojran Open 2023“ – Каратистите од КК „Дојран“ освоија 23 медали, севкупен победник е КК „Сансаи“ од Кавадарци

декември 2, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist