Воените настани во Израел и Газа не оставаат рамнодушни многу луѓе во светот за случувањата таму, а меѓу нив се и спортисти кои секојдневно даваат изјави по одржаните мечеви, а една од нив е и туниската тенисерка Онс Џабер.
Таа синоќа ја забележа првата победа на финалниот ВТА-турнир, во Канкун, Мексико, со 6-4, 6-3 против Маркета Вондроушова, а во редовното интервју по мечот, не можеше да го задржи плачот.
– „Да бидам искрена, во последно време не сум баш среќна. Она што се случува во светот не ме прави среќна…“, почна Џабер и прекина, бидејќи ја совлада плачот.
– „Многу ми е тешко кога гледам како деца и бебиња умираат секој ден. Ми се кине срцето. Решив да донирам дел од парите кои ги освојувам на Палестинците. Не можам едноставно да бидам среќна кога ќе победам, кога гледам што се случува во светот. Извинете, знам дека овде треба да зборуваме за тенис, но фрустрирачки е да се гледа што се случува. Ова не е политичка порака, туку човечност. Сакам мир во светот и тоа е сѐ“, рече Џабер.
We cannot take a break from it. This is a tragedy we are all living. These are our hearts breaking. It’s not political. It’s human.
Thank you @Ons_Jabeur ♥️
pic.twitter.com/LpaaMhutmw— Rawaa Augé روعة أوجيه (@Rawaak) November 2, 2023
Таа има освоено, речиси точно 12 милиони долари во својата кариера, од кои 2,8 милиони во 2023 година, така што сака дел од тоа да оди за загрозените семејства. Нејзиното богатство може и да се зголеми, ако успее да се пласира во полуфиналето од финалниот ВТА-турнир, во кој досега се одиграа две кола од фазата по групи.