понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Гевгелија спортски празнува со „November Run 2023“

Над 2.500 учесници на уличните трки во Гевгелија по повод Денот на ослободувањето, 7ми Ноември

ноември 5, 2023
in СПОРТ, ФОКУС
Гевгелија спортски празнува со „November Run 2023“
0
SHARES
681
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во чест на Денот на ослободувањето на Гевгелија денеска се одржа спортско славење, познатите улични трки низ Гевгелија, со бројни учесници, публика и поддржувачи, правејќи го денот славенички, празничен, слободрски како во далечната 1944 година.

Уличните трки по речиси четири децении се вратија во градот со сериозниот организатор Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија кој за за прв пат ги организираше 2020 година, а од 2021 тие станаа составен дел од општинската програма за одбележување на Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Related posts

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Се трчаа шест трки, две за возрасни на патека од 5 и 10 километри, три детски трки во должина од 1 километар и за прв пат инклузивна трка „Run together“ во која учествуваа лица со попречености и нивни поддржувачи и помагатели. На тркачките стази истрчаа над 1.200 возрасни, 620 деца и 680 лица во инклузивната трка. Тоа се вкупно 2.500 учесници што е најголем спортски настан во Гевгелија.

На настанот зедоа учество 60 атлетичари од 15 светски земји со што трката има меѓународен карактер. Меѓу нив беа и државниот првак на Македонија на 10 км Дарио Ивановски, како и првакот на многу Балкански трки, мароканецот Mohamed Chaaboud.

Mohamed Chaaboud од Мароко го доби стартниот број „3“ за трката од 10 км на „November Run Gevgelija 2023“

Вака изгледаше утринскиот старт на првата трка од 5 километри.

Вака беше низ улиците во Гевгелија, а секаде попатно со музика и аплаузи гевгеличани ги поздравуваа и бодреа тркачите.

Најмногу поддржувачи и навивање имаше за инклиузивната трка која се одржува за прв пат во Гевгелија и во Македонија.
Пораката беше: „Сите сме заедно, сите трчаме, сите се радуваме на празникот 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија пред 79 години.


На трката задоа учество многу здруженија на граѓани, „Мобилност“ Гевгелија и членови на фондацијата “Ице Бегов”.

Уличните трки во Гевгелија привлекоа многу поранешни спортисти, спортски ентузијасти и активни во рекреативниот спорт. Меѓу нив и ретката слика на братското ткачко трио Ќаеви, кои и покрај 30 годишноата спортска работа наоѓаат време и за уличните трки и славења во Гевгелија.

Денот посветен на трките во Гевгелија беше победнички и за малата ЛАНА ТАНОВА,, – таа е најмалиот учесник на “November Run 2023”. Има само 2 месеца и 10 дена а успеа да ја „истрча“ трката од 1 км за деца од 2017 година и помали. Ете, Лана беше најмала и стана носител на финишер медал. Може ли друг град во Македонија да се пофали со помлад тркач од ЛАНА!?

Задоволната публика, полното шеталиште, бројните помагатели и доброволци за трките, ведрите лица направија трките во Гевгелија да бидат вистински празник на радоста, спортски празник за победниците, слободарски празник за гевгеличани.

Спортското славје продолжи со музичко славје и забавна програма од домаќините.

Честитки и нека трае радоста славеничка!!!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Донирана ПП опрема за ДППД „Дојран“ од Словенија

Next Post

Новак победи во Париз и ја освои 97-та титула во кариерата

Next Post
Новак победи во Париз и ја освои 97-та титула во кариерата

Новак победи во Париз и ја освои 97-та титула во кариерата

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

2 години ago
„Есенски крос“ на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

„Есенски крос“ на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

2 години ago
БРАНА ПАЉУРЦИ – место за седенка и спокој (ВИДЕО)

БРАНА ПАЉУРЦИ – место за седенка и спокој (ВИДЕО)

5 месеци ago
Воз удрил во маж, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија–Скопје

Воз удрил во маж, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија–Скопје

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist