Новак Ѓоковиќ денес го победи Григор Димитров и така ја освои својата 97. титула вкупно во кариерата.
Со победата на Мастерсот во Париз „Rolex Paris Masters“ 2023 Новак Ѓоковиќ денеска дојде до 40-тиот триумф на турнирите од серијата Мастерс 1000 откако во финалето во Париз со 2 : 0 го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Ова е 7-ма освоена титула на Ѓоковиќ освоена во Париз. Му недостасува уште една победа за 8-ми пат да ја заврши годината како број 1.
Вака изгледаше славеничкиот момент со освоениот трофеј во рацете на ШАМПИОНОТ!
Победничкиот поен на Ноле:
Новак уште еднаш ја покажа својата човечка големина на теренот. Поразениот Димитров по завршување на мечот, беше вознемирен, седеше на своето столче плачејќи и тоа во моментите кога Ѓоковиќ се подготвуваше за шампионското интервју на теренот. Новак веднаш дојде до Димитров и се обиде да го утеши Бугаринот.
This is Nole ❤️pic.twitter.com/yDJH9CR0dF
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) November 5, 2023
Ова е Големината на Ноле пред уплаканиот Григориј:
We love you @GrigorDimitrov ❤️😢#RolexParisMasters pic.twitter.com/RXl30oVzQc
— Tennis TV (@TennisTV) November 5, 2023
– „Сум бил во ваква ситуација и јас сум губел во финалиња. Благословен сум што повеќе пати сум победил отколку што сум загубил во финалињата. Се надевам дека ќе продолжи да игра на вака високо ниво како што играше тука во Париз и дека ќе успее да освојува трофеи од големите турнири“, изјави големиот човек, Ѓоковиќ.