Очувот, извесен А.К. на возраст од 20 години е осомничен дека претепал седуммесечно бебе, а само ден пред апсењето објавил слики од бебето на социјалните мрежи на кои се гледаат модринки на лицето на детето, пишува српски Курир.
Тој го претепал бебето додека ја праќал сопругата во продавница. Бебето е примено во болница со страшни повреди: фрактура на надлактицата, клучна коска, хематом на главата, скршеници на ребрата и внатрешно крварење. Детето тешко дишело.
Поради тежината на повредите, детето од Краљево е префрлено во Белград, а очувот е уапсен додека бил на шалтерот во болницата каде дошол да се распраша за состојбата на бебето. Мајката дури подоцна признала дека нејзиниот партнер го претепал бебето и и’ ги нанел повредите.
Пред само неколку дена, А.К на социјалните мрежи објавил видео од бебе во прегратките на неговата мајка И.И.(19).
Она што е уште повознемирувачко е однесувањето на мајката која на денот кога беше уапсен нејзиниот партнер и очув на бебето, објави љубовни песни на социјалните мрежи.
Седум дена откако беше откриено дека А.К. го тепал бебето, мајката објавила слики од себе и бебето, а очувот им оставил коментари.
„Го сакаме тато“, напиша таа под еден коментар.
Тој објави и фотографии со бебето.
„Ќерка ми“, напиша тој под една од нив.
Инаку, во февруари годинава српската полиција уапси маж од Власотинце затоа што до смрт го претепал детето на својата партнерка.
Фото: социјални мрежи