Домот на културата во Негорци и годинава беше претесен да ги прими сите љубители на фолклорот, но и оние кои сакаа да искажат почит кон меморијалот посветен на Игор Мицев, долгогодишен член на КУД „Негорци“.
Во чест и спомен на прерано заминатиот истакнат член на КУД „Негорци“ – Игор Мицев неговите долгогодишни колеги, соиграчи и другари од КУД „Негорци“ му посветија и втора година по ред организираат концертен меморијал наречен „Засекогаш со нас“.
Меморијалот имаше дводневна програма (4 и 5 ноември) и во неа беа содржани настапите на девет фолклорни состави од Негорци, Прдејци, Јосифово, Богданци, Радовиш, Трстеник (Р. Србија), Александровац (Р.Србија), Се играа ора со кореографија на „Лазаренки“, орото „Калајџиско“, изворна копачка, фрагменти од кореографија „Пијанец“, орото деветка, Саракино, орото „Софка, Паланечка, Оро „Малешевско“, потоа игри и ора од околината на Трстеник, од околината на Бујановац, игри од централна Србија, во изведба на гостински КУД од Србија.
Најемотивни доживувања публиката имаше со настапот на играорната поставка со другарите на Игор Мицев, со кореографија од орото „Калајџиско“ на кое настапуваше и Игор.
ВИДЕО во прилог:
Игор не е веќе дел од оваа разиграна дружба од февруари 2019 година, но другарите и колегите не го забораваат, а со ората и игрите приредени на меморијалот „Засекогаш со нас“ се присетуваат и Негорчани на својот млад прерано заминат сограѓанин, млад Негорчанец.
Честитки за организаторот КУД „Негорци“ за идејата и за сценско-музичкиот спомен за Игор.
КУД „Негорци“ успеа настанот да го издигне на интерес и да стане дел од Програмта за култура на Министерството за култура на РСМакедонија за 2023 и на Општинската програма за култура за 2023 година, со што концертниот меморијал доби финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија и од Општина Гевгелија.