Вулканот Етна на Сицилија, стар 3500 години вчера повторно се активираше, а синоќа започна да исфрла лава
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека висината на еруптивниот столб се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.
Снимките покажуваат големи облаци од пареа, пепел и лава кои избиваат од кратерот на најактивниот вулкан во Европа.
Аеродромот во Катанија останува отворен и покрај вулканската активност, иако вулканските ерупции често доведуваат до затворање на воздушниот простор во околината.
Вулканот Етна има богата историја која датира уште од 1500 година п.н.е.