Тркачите немаат викенд одмор, секој ден им е тренинг, а секој викенд настапи. Така налагаат раздвижените мускули, а кога ќе дојдат наградите тоа значи успешен тренинг, успешна трка, освоен пехар.
Така тим на АК „7 Нимерви“ од Гевгелија викендов настапи на „Врањански полумаратон“ со 14 свои атлетичари во дисциплините полумаратон, трка на 10 км, трка на 5 км и штафетна трка 4 х 5 км (вкупно 21,1 км помумаратонска штафета).
Најуспешни беше тимот за штафетна трка во состав Тоше Анчев, Влатко Семенаков, Саше Гацев и Марјан Туртуров (стартен број 1005) кои освоија ТРЕТО место и се искачија на пиедесталот со освоениот пехар за трето истрчано штафетно време од 1 час и 23 минути траса од 21,1 километар.
Спортско изненадување е освоеното ПРВО место во детската трка на „Врањанскиот полумарато“ од страна на 10 годишниот Максим Ангов од Богданци, член на АК „7 Ноември“ од Гевгелија и дел од тимот на гевгелискот Атлетски клуб кој настапи на трките во Врање.
Организатор на Четвртиот Меѓународен Врањски полумаратон 2023 е Атлетскиот клуб „Врањски маратонци“ од истоимениот град во Србија, кој успеа да привлече учество на 330 спортисти, атлетичари од Србија, Македонија и уште пет светски земји.