Драгана Рајкова е 10 годишна млада поетеса, ученичка во петто одделение во ООУ “Јосип Броз Тито” во Валандово која деновиве е актуелна со својата прва стихозбирка со сликовница “Спомени од моето детство”.
Издавач на стихозбирката е Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес, во септември 2023 година.
Драгана пишува од својата 7 годишна возраст и сите песнички се создадени во овие две, три години.
Таа учи и во нижото музичко училиште ООМУ “Боро Џони” во Струмица, веќе четири години свири пијано во класата на проф. Зоран Мазнејков. Одличен ученик е и посветена целосно на образовниот систем, така што дополнително ги негува своите таленти за музика и пишување на поезија.
Драгана Рајкова со радост и возбуда сака да го претстави своето творештво пред заинтересираните читатели – својата прва книга стихозбирка со сликовница “Спомени од моето детство”.
Читателската публика ќе може да се запознае со нејзиниот поетски првенец на Промоцијата закажана за понеделник, 20 ноември во „Фестивалската сала „Јанко Узунов“ во Валандово, со почеток во 17 часот во .
Промотор на стихозбирката е Десанка Николова, и самата автор на литература за возрасни и деца, инаку Дипломиран професор по македонски јазик, Магистер по менаџмент на човечките ресурси и докторант на Организациско управување, вработена во Министерството за култура на Република Македонија.
Драгана Рајкова е добитник на неколку награди и нејзини песнички се објавени во неколку книги, а нејзината прва стихозбирка содржи 44 песнички. Секоја песничка има своја илустрација за да биде привлечна за младите читатели.
Промоцијата е планирана да се одржи на 20 ноември на Светскиот ден на детето со организирање на промоција со промотор на книгата, читање на песнички и забавен дел.
Еве дел од творештвото на Драгана за да Ве заинтересираме да ја проследите нејзинта промоција.