Вчера во Велес, во училишна сала ООУ “Блаже Конески” се одиграа три ЗОНСКИ натпревари во ФУТСАЛ- машки, основни училишта од Зона „Велес – Источен регион“.
Финалниот збор го имаа екипите на :
ООУ “Крсте Мисирков”- Гевгелија
ООУ “Страшо Пинџур”-Јосифово
ООУ “Блаже Конески”- Велес
Одличната игра на гевгелиските ученици им донесе ПРВО место на зонскиот натпревар. Во финалето против екипата на ООУ “Блаже Конески” од Велес гевгелиските основци остварија резултат од 6:1 со што го забетонираа првото место.
Радосни од победата и докажаната доминација на теренот младите гевгелиски футсал победници најавуваат: „Продолжуваме понатаму!“.
Организаторот Федерацијата на училишни спортови во Македонија им се заблагодари на сите за фер и коректната игра исто и на одговорните наставници кои одлично ги водеа своите тимови.
Честитки за новите гевгелиски победници!