Македон е математички гениј и на свои осум години возраст победува на меѓународни натпревари како од шега, за него е ова игра, забава, зошто математиката ја сака и учи предвреме од другите деца. Деновиве бележи нови успеси — Два златни медали за детето-гениј од Тетово.
Овој пат, освои ново злато од натпреварот по математика „Кенгур 2023“, но и златен медал од Светскиот натпревар „Математика без граници“ за 2023.
Есенскиот дел од „Математика без граници“ за 2023 е светски натпревар со учество на над 4.000 учесници и овде најдобар беше токму Македон каде се закити со Златен медал.
Тој го доби и победничкиот златен медал од финалето по математичкиот натпревар „Кенгур 2023“, што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.
– „Браво, ти си наша гордост, Златен медал за златно дете“, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски на социјалните мрежи.
Честитки за златното дете Македон!