Денеска и покрај ветровитото време на отворен штанд во центарот на Гевгелија се одвива, во моментот, бесплатна акција за вршење здравствен преглед со мерење на крвен притисок и нивото на шеќер во крвта.
Гевгеличани, случајни минувачи, можеби и посетители на градот, ја искористија акцијата да го проверат своето здравје.
Тимот кој е во служба на граѓаните од 11 до 13 часот е составен од лекар и медицински лица и не отстапуваат од задачата да ги услужат граѓаните и покрај силниот ветар во Гевгелија денеска.
– „Целта на акцијата е заедно да ја истакнеме важноста од превенција на сериозни заболувања. Истата се одржуа во рамките на кампањата “Не чекај, превенирај” Заедничка борба за женско и машко здравје“, велат организаторите на истата, а тоа е СДСМ Гевгелија.
Во тој контекс организаторот ја најавува и денешната здравствено- едукативна трибина на тема ,,Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје” која ќе се одржи денеска во 18:30 часот во Народниот театар во Гевгелија, а ќе учествуваат со свои стручни искажувања специјалисти доктори од јавното здравство: доктор неврохирург Венко Филипче, заменик министерката за здравство Маја Манолева, доктор гинеколог Викторија Јованова и специјалист д-р хирург Ален Георгијев.