сабота, 10, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Во с.Моин одбележан празникот на заштитникот „Св.Архангел Михаил“

Со свечена литургија и свечен ручек денеска во црквата „Свети Архангел Михаил“ во гевгелиското село Моин беше одбележан празникот на заштитникот

ноември 20, 2023
in ФОКУС
Во с.Моин одбележан празникот на заштитникот  „Св.Архангел Михаил“
0
SHARES
436
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со свечена литургија и свечен ручек денеска во црквата „Свети Архангел Михаил“ во гевгелиското село Моин беше одбележан празникот на заштитникот „Св.Архангел Михаил“ , Војводата на целата ангелска војска, архистратигот Михаил.

Свечената литургија и благословот над празничниот ручек и сите посетители на овој божји храм од името на Македонската православна црква и Гевгелиското Архиерејско намсништво ги испорача отец Влатко Бојков во присуство на бројни верници и граѓани од Моин.

Related posts

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

мај 10, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

Црква „Свети Архангел Михаил“ е главна селска црква во гевгелиското село Моин. Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото. Датира од првата половина на минатиот век, изградена е по разурнувањето на трите постојни цркви во селото за време на ПСВ во 1917 година. Мештаните изградиле нова црква, која делумно била разурната во време на Втората светска војна, а била обновена и доградена во 1963 година.

Црквата претставува еднокорабна градба со рамен варосан таван, припрата, но без апсида. Во нејзината внатрешност, иконостасот е мал и бил изработен од гевгелискиот столар Ристо Попов, чие име се споменува на запис на самиот иконостас од 30 декември 1968 година.

Нека е за многу години денот на Архистратизите Божји, служители на божествената слава, на ангелите началници и на луѓето наставници, нека го исполнат животот на земјата со здравје и благодет и мир на небесните ангели!

Икона н „Св.Архангел Михаил“ во истоимената црква во с.Моин, гевгелиско
Икона на „Св.Архангел Михаил“ во истоимената црква во с.Моин, гевгелиско
ShareTweetShareSend
Previous Post

Денес 20 ноември е Светски ден на детето

Next Post

ВИДЕО: Самоуверена убавина која победува

Next Post
ВИДЕО: Самоуверена убавина која победува

ВИДЕО: Самоуверена убавина која победува

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

2 години ago
Реализаторот на двојното убиство во Гевгелија бил гневен поради добиена тужба од братот и снаата

Реализаторот на двојното убиство во Гевгелија бил гневен поради добиена тужба од братот и снаата

2 години ago
ВИДЕО: Велешките Гемиџии стасаа со „Вардарската регата“ до Солун

ВИДЕО: Велешките Гемиџии стасаа со „Вардарската регата“ до Солун

11 месеци ago
Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево
  • ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија
  • Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

мај 10, 2025
ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

мај 10, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist