По повод 100 години од раѓањето на првоборецот ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ (1923-1944) и патрон на истоименото училиште во Гевгелија учениците и вработените положија свежо цвеќе за јубилејниот ден на раќањето на гевгелискиот првоборец кој загина за време на Народоноослободителното движење во Македонија во борба со бугарската фашистичка полиција, присутна во нашите краишта за време на Втората Светска војна.
Имаше само 20 години, кога го положи животот за слобода, како борец во Втората Македонска Ударна бригада, во близина на селото Страмашино, Кавадаречко, каде го погоди кушум испукан од бугарската фашистичка полиција.
Во чест на овој храбар гевгелиски младинец, борец, скоевец кој го положил својот живот за слободата, училиштето ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија го овенчи со товар цвеќе неговото спомен обележје во дворот на училиштето со стамена наклон од сите присутни.
Вечна сава и благодарност!
Не е заборавена твојата жртвувана младост и положен живот за слобода, која ја живееме и уживаме цели 79 години!