По повод општинскиот празник 7 Ноември, ООУ „Владо Кантарџиев“ објави конкурс за литературни и ликовни творби на кои учествуваа ученици од ова училиште, а со цел да се творат и создаваат литературни и ликовни дела инспирирани од радоста за градот кој слави 79 години слобода.
Деновиве прогласени се најдобрите трудови, а воедно и наградените ученици:
1. Костадин Узунов – прва награда за литературна творба
2. Илија Карајанов – втора награда за литературна творба
3. Матеа Димитрова – трета награда за литературна творба
Пофалени ученици во литературниот конкурс за своите изработени трудови се: Јосиф Новаковски, Трајан Аврамов, Ана Прочковски, Јована Колев, Љубица Поп Иванова.
Најдобрите ликовни творби припаѓаат на:
1. Јована Каракамишева – прва награда за ликовна творба
2. Стефан Милиќевиќ – втора награда за ликовна творба
3. Миа Манчева – трета награда за ликовна творба
Пофалени ученици во ликовната категорија се: Елизабета Илиева, Надица Николовска, Давид Аврамоски, Николина Ангеловиќ, Ефимија Новаковска.
Ако вака се твори за празникот на ослободувањето на Гевгелија можете да замислите колку со следното образовно надградување ќе напредуваат и придонесуваат за својата Гевгелија нашите учници.
Искрени честитки за учениците и нивните наставници, испорачаа од училиштето за сите креативни дела доставени до конкурсот, за градот Гевгелија кој инспирира.