Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук во интервју за „Ал Џезира“ изјави дека привременото примирје со Израел ќе стапи во сила утре во 10 часот.
Марзук истакна дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши.
Претходно, шефот на израелската дипломатија Ели Коен изјави дека процесот на ослободување на заложниците од Појасот Газа ќе почне утре.
Израел и Хамас постигнаа договор за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги киднапира на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетници и жени кои се во израелските затвори.
Договорот беше одобрен во текот на ноќта од израелската Влада., пренесува МИА.
После повеќе од шест недели крвави борби во појасот, израел и хамас постигнаа привремено примирје. Но, и покрај договорот, од израелската влада остануваат на ставот дека војната ќе продолжи се додека не биде елиминиран Хамас и не се осигураат дека Газа во иднина никогаш нема да биде закана за Израел .
Владата на Катар, која беше посредник меѓу двете завојувани страни, се надева дека привремениот договор, со кој се предвидува пауза во борбите во Газа, ќе го отвори патот за сеопфатен и одржлив договор кој ќе стави крај на војната и крвопролевањето.