Денеска напладне во Спортскиот центар „Истатов започна првиот меѓународен карате турнир „Dojran open 2023″ во Дојран.
На свеченото отворње поздравни говори имаше Лилјана Упчева, од името на домаќинот Карате клуб ,,Дојран”, потоа Градоначалникот на општината Анго Ангов од името на домаќинската општина Дојран, и со звукот на интонираната македонска химна официјално беа отворени карате натпреварувањата „Dojran open 2023″.
Пред публиката беа претставени 21 члениот состав на Судијскиот тим предводени од интернационалниот судиај по крате Благој Атанасов, претставник на Карате федерацијата на Македонија кој со фицијалниот карате поздрав на свој спортски начин го прогласи турнирот за стартувн.
Со учество на 47 карате тимови од девет земји од регионот: Грција, Србија, Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Македонија и над 400 каратисти-натпреварувачи, денес југот на Македонија е центар на карате случувањата.
Турнирот е официјално поддржан и помогнат од Карате федерацијата на Македонија.
Г-дин БОБИ ВОЈДИНОВСКИ – Светскиот карате судија, со највисока светска лиценца, член на Извршниот одбор на Карате Федерацијата на Македонија и член од Судијската комисија на Меѓународниот карате турнир “DOJRAN OPEN 2023” што се одржува денес во Дојран со изјава за GevgelijaNet.com за подготовките, подршката и меѓународниот растеж на карате спортот во Дојран, со можности истиот да прерасне во традиционален.
Додека траат натпреварувањата еве ги мислењата на стручњаците за првиот “Dojran Open 2023”.
Спортскиот живот во Дојран се интензивира, спортските ентузијасти се побројни, а спортските навивачи денеска го преполнија Спортсо рекреативниот центар “Истатов” во Нов Дојран.
Во забавниот дел пред публиката настапија членовите на ФА „Мегдан“ од Богданци.
Овде беше и медицински тим од ИМП при Општа Болница Гевгелија, секогаш спремни за интервенција.
Претседателката на КК„ Дојран“ од името на организаторот додели Благодарница-Плакета за несебичната поддршка од општина Дојран, a ја прими градоначалникот Ангов.
Плакети беа доделени и на бројните локални поддржувачи на нјновиот спортски меѓународен настан во Дојран.
Спортска среќа, брзи потези и заслужни резултати им посакуваме на сите учесници, нека победат најдобрите!