Најстарата активна пејачка група од Гевгелија „Распеани Гевгеличани“, со над пет децениско искуство, преку својата долгогодишна работа успева да биде препознаена како репрезент на традиционалните фолклорни вредности од Македонија и викендов оствари гостувње на ТВ „Сител“ во рамките на емисијата „Качамак“.
„Качамак“ е викенд забавна програма на „Сител“ телевизија која е со национална концесија, така што нашите музички и уметнички изведувачи ги виде пошироката македонска јавност.
На сцената од големото студио во пладневен термин од екраните се претставија со староградските песни од гевгелиското поднебје, како „Гевгелија“, „Пиле пее по море“, „Ај, што ќе прајме девојко“ и „Мома Катерина“. Воедно како репрезенти на традиционалните фолклорни и културни вредности на Гевгелија „Распеани Гевгеличани“ презентираа и некои одбрани специјалитети од нашиот топол југ.
Многу танана музика, емоции, фолклорни раритети низ песни презентираа гевгеличани за домашната публика. Со негување на народните традиции и мелос и од новите генерации членови на „Распеани Гевгеличани“, преку работа и бројни настапи во државата и земјите од околниот регион се зачувуваат традициите и се создаваат „Вредности кои траат“. Тоа „Распеани Гевгеличани“ го прават 52 години наназад, повеќе од половина век се чувари на фолклорот и традициите од југот.
Еве ги гевгеличани распеани во студиото на „Сител“ од гостувањето во емисијата „Качамак“. Се разбира и аплаузите од присутните во студиото беа спонтани и искрени. Ние им аплаудираме за сиот изминат труд до сега.