Гевгелискиот карате клуб „АРМОР“ учествувше на првиот Меѓународен карате турнир организиран во Дојран, „Dojarаn Open 2023“ со 18 свои членови на возраст од 6 до 18 години.
Во категориите во кои учествуваа претставниците на „Армор“ освоени се вкупно 21 медали кои ги понесоа членовите на гевгелискиот карате клуб. Тоа значи спортско остварување на теренот од 116% зошто некои од натпреварувачите освоија и по две медали.
Освоени се ТРИ први места, ПЕТ Втори места и 13 Трети места.
Носителите на ЗЛАТЕН МЕДАЛ за освоено прво место се:
1. Андреј Мишков – ПРВО место – Ката индивидуално
2. Давид Аврамовски – ПРВО место – Ката индивидуално
3. Тијана Гоцкова – ПРВО место – Ката индивидуално
Носителите на СРЕБРЕН МЕДАЛ за освоено Второ место се:
1. Надица Близнаковска – ВТОРО место – Кумите борби
2. Јована Дичева – Второ место – Кумите борби
3. Надица Близнаковска – ВТОРО место – Ката индивидуално (втор медал за Надица)
4. Мите Делев – ВТОРО место – Ката индивидуално
5. Елена Василева – ВТОРО место – Ката индивидуално
Носителите на БРОНЗЕН МЕДАЛ за освоено Трето место се:
1. КАТА ТИМ – „АРМОР“ -ТРЕТО место
– Билјана Мелкова,
– Јован Лазаров и
– Елена Василева
2. Андреј Мишков – Трето месо – Кумите борби
3. Никола Јованов – Трето месо – Ката индивидуално
4. Давид Аврамовски – Трето месо – Ката индивидуално
5. Коста Поповски – Трето месо – Ката индивидуално
6. Драган Костевски – Трето месо – Ката индивидуално
7. Петар Трајков – Трето месо – Ката индивидуално
8. Ивона Данаилова – Трето месо – Ката индивидуално
9. Симона Атанасова – Трето месо – Ката индивидуално
10. Јована Дичева – Трето месо – Ката индивидуално
11. Теодора Ристова – Трето месо – Ката индивидуално
12. Мисра Мохан – Трето месо – Ката индивидуално
13. Крисна Мохан – Трето месо – Ката индивидуално
Предводник на овој борбен тим од КК „Армор“ се Иван Киковиќ Поп-Гонов и Ристо Брзановски. Зад нив стои пет годишен труд на работа со млади каратисти од 6 до 19 годишна возраст и досега учествувале на бројни натпревари во земјата и странство. За впечатоците од уеството на првиот Меѓународен карате турнир во Дојран велат:
– „Имавме успешна презентација на нашите членови на турнирот кој беше во меѓународна конкуренција, задоволни сме од резултатите, а освоените медали ја покажуваат нивната посветеност и квалитет во борбите и натпреварувачките дисциплини. Организацијата на турнирот беше одлична. Со домаќинскиот клуб имаме соработка која се надеваме ќе продолжи во името на спортот“ – изјави за GevgelijaNet Иван Киковиќ Поп-Гонов.
Честитки за гевгелиските каратисти и нови успеси во иднина.