„Зајди, зајди“ станува безвременска химна на Македонија, а кој ја испеал на натпревар ги покосува аплаузите од публиката и жиријата.
Последниот таков успех го имаше младата пејачка Барбара Поповиќ со потекло од Охрид, Македонија која на музичко талент шоу „ИДЈ шоу“ (IDJ Show), во Белград со изведбата на легендарната „Зајди, зајди” ја воодушеви тамошната публика
Барбара со својот моќен и импресивен вокал, презентираше маестрална изведба на легендарната песна, па многумина сметаат дека токму Барбара треба да биде победникот во ова регионално талент музичко шоу.
Барбара на социјалните мрежи го објави видеото од својот настап под кое објави.
„Моја Македонијо“.
View this post on Instagram
Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и основно и средно музичко училиште каде напоредно со клавирот изучувала и соло пеење. Добитник е на многу награди од натпревари како во земјава, така и надвор од неа.
Свој коментар за изведбата даде композиторот и продуцент Дарко Димитров.
„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров.