Неуморната Вале лани на „Strumina Trail 2022“ освои второ место, годинава, со едно искуство повеќе и една година повозрасна дојде по ЗЛАТНИОТ Медал на „Strumina Trail 2023“ и се искачи на ПОБЕДНИЧКИОТ пиедестал.
Таа викендов, на 26 ноември го освои ПРВОТО место во категоријата 50+, трчајќи и освојувајќи го ЗЛАТОТО како член на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
„Strumina Trail “ е ридско планинска трка во должина од 18,5 километри со висинска разлика од 750 метри угорница, а се одвива по висините на Штип поминувајќи и низ карпестите предели на Исарот.
– „Вистинск ноемвриска трка … снег, кал, ветер…. тешко, но задоволство е са се натпреваруваш. Прво место во категорија“ – истакна Валентина за напорот што го вложи во трката „Strumina Trail “.
Планинската траса украсена со свежо наврнат снег на фотографиите е вистинска снежна идила но колку напор вложи Валентина за својот успех знае само таа.
На стартот Валентина истрча со број 241, а трасата долга 18,5 км ја истрча за 2 часа 28 минути и 35 стотинки, со темпо на трчање од 7,27 километри на 1 час.
Своето достигнување, истрчаното време, првото место Валентина ги посвети за поддршка на пациентите со Пулмонална Хипертензија (ПХ – „Земи здив“).
На трката „Strumina Tail 2023“ годинава стартуваа 237 тркачи, но на целта пристигнаа 157, а 80 се откажале поради тешките услови на патеката и студеното време. Ова покажува колкава е упорноста, спортската издржливост и постигнатиот успех на Валентина Узунова со освоеното ПРВО место во својата категорија – жени 50+.
Честитки за неуморниот спортски порив на Валентина кој ја води сегогаш во нови и нови успеси и победи!!