четврток, 12, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ИЗВЕСТУВАЊЕ – МЗШВ доделува дополнителни субвенции за 2023 година

Со 9-от пакет Антикризни мерки опфатени се 40.000 земјоделци, за кои се предвидени буџетски исплати од 8,1 милиони евра (500.000.000 денари) поддршка за граѓаните и земјоделците, но земјоделците треба да направат дополнително пријавување во канцеларијата на МЗШВ ПЕ Гевгелија

ноември 29, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
ИЗВЕСТУВАЊЕ – МЗШВ доделува дополнителни субвенции за 2023 година
0
SHARES
255
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделските стопанства дека согласно новиот модел на субвенционирање, секој производител кој поднел барање за субвенции за 2023 год. ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба повторно да направи електронско пријавување за дополнителните субвенции по површина со доказ или изјава за остварено производство.

Рокот за поднесување на барања за дополнителни субвенции за 2023 год. е од 28.11.2023 година до 25.12.2023 и се врши во просториите на МЗШВ ПЕ Гевгелија секој работен ден од 08ч до 15:30 часот.

Related posts

Кривична пријава за жителка на Богданци

Кривична пријава за жителка на Богданци

јуни 11, 2025
Вечерва ќе се врши прскање против комарци во Гевгелија

Вечерва ќе се врши прскање против комарци во Гевгелија

јуни 10, 2025

Во овој период ќе се дополнуваат барањата за растително производство и тоа за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади.

Платежната агенција за субвенционирање на земјоделците – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје дека е во тек поднесување на барања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и тоа за неколку видови подмерки. Издвојуваме кои се износите на субвенциите:

– Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар, за јачмен 12.000 денари по хектар и за афион изнесува 18.000 денари по хектар.

Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.5 изнесува 20.000 денари по хектар и истата е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг/ха за домат, пиперка 15.000 кг/ха, краставица 30.000 кг/ха, корнишони 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг/ха, грав 1.000 кг/ха и компир 15.000 кг/ха.
Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.9 е следна:
– Јаболко 30.000 денари на хектар,
– Слива и праска 25.000 денари на хектар,
– Вишна, цреша, кајсија и круша 22.000 денари на хектар,
– Јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка 13.000 денари на хектар

Висината на дополнителните директни плаќања за подмерка 1.13 остварено произвдство на грозје изнесува 28.000 денари по хектар.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директни плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2023 година и ноември-декември 2023 година.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите овошни видови.

Висината на директни плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2023 година.

Постапка

Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот
преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од  ВЕБ страната на Агенцијата
„https://www.ipardpa.gov.mk/“. Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 25 декември 2023 година.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

Next Post

ВИДЕО: Мразот во Србија предизвика верижни судири и направи хаос

Next Post
ВИДЕО: Мразот во Србија предизвика верижни судири и направи хаос

ВИДЕО: Мразот во Србија предизвика верижни судири и направи хаос

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонката Мери – трократен Светски носител на ЗЛАТО во бодибилдинг и фитнес

Македонката Мери – трократен Светски носител на ЗЛАТО во бодибилдинг и фитнес

2 години ago
Интервју со Влатко Семенаков – најиздржливиот ултра спортист од Гевгелија

Интервју со Влатко Семенаков – најиздржливиот ултра спортист од Гевгелија

1 година ago
ФОТО:  Цвеќе за Војводата Сава Михајлов – Савата

ФОТО: Цвеќе за Војводата Сава Михајлов – Савата

1 година ago
„Јовано, Јованке“ отсвирена на виолончело од Хаусер

„Јовано, Јованке“ отсвирена на виолончело од Хаусер

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Кривична пријава за жителка на Богданци
  • Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија
  • TИНА УПЧЕВА – Каратистка од Дојран во „ТОП 5“ на Балканот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Кривична пријава за жителка на Богданци

Кривична пријава за жителка на Богданци

јуни 11, 2025
Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

јуни 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist