понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

„И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“ – активности на лицата од Дневниот Центар Гевгелија

Во пресрет на 3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, денеска штитениците на Дневниот Центар од Гевгелија реализираа неколку акции со пораката „И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“

декември 1, 2023
in ФОКУС
„И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“ – активности на лицата од Дневниот Центар Гевгелија
0
SHARES
924
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во пресрет на 3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп, денеска штитениците на Дневниот Центар од Гевгелија реализираа неколку акции со пораката „И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ПОДАРИМЕ“.

Најпрво, тие денеска ја посетија Општа Болница Гевгелија каде со Благодарница и изработена слика со акрилни бои изразија благодарност за соработката со општинската здравствена установа која дава поддршка во функционирањето на Дневниот центар со обезбеден психијатар за редовни психијатриски прегледи на штитениците.

Related posts

ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

мај 18, 2025
Приведен 20 годишен гевгеличанец

Приведен 20 годишен гевгеличанец

мај 18, 2025
Изработена слика со акрилни бои од штитениците на Дневниот Центар Гевгелија за директоро на Гевгелиската болница д-р Александар Киров

Благодарноста беше искажана кон директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ д-р Александар Киров кој имаше разбирање за оваа категорија лица и овозможи психијатар од оваа установа да врши прегледи и надзор над психофизичкото здравје на посетителите на Дневниот Центар на лица со попречености во Гевгелија. Таа задача веќе неколку месеци ја изршува д-р спец. психијатар Сашо Цветковиќ. Благодарниците до двајцата и изработен слика од штитениците подари Васка Илиева Директор на Центарот за социјални грижи од Гевгелија под чија надлежност преку Министерството за труд и социјала работи и функционира Дневниот центар во Гевгелија.

Благодарница за спец. психијатар д-р Сашо Цветковиќ

Воедно, екипата која подарува, го посетија и Одделението за Педијатрија при гевгелиската болница и овде на децата пациенти им беа подарени гипсени изработки од штитениците на Дневниот Центар.

Детско одделение при Општа Болница Гевгелија

Малата радосна екипа која подарува од ДЦ-Гевгелија својата радост ја продолжија со посета на општинските основни училипта во Гевгелија и Богданци. Во текот на денот беа посетени ООУ „Владо Кантарџиев“, ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, ООУ „Климент Охридски“ во Миравци и ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци. Овде штиитениците од Дневниот центар на првачињата од 5-те основни училишта им подарија изработки од гипс со мотиви за Новата Година, елки, еленчиња, Дедо Мраз, ѕвезди и сл.

Дневниот центар за лица со попреченост згрижува 20-на лица на возраст од 16 до 28 години и овде освен престој им се пружат аниматорски активности, работилници, спортски рекреативни вежби и дневни оброци на посетителите. За редовно функционирање на активностите и потребни се средства, материјали кои многу често ги обезбедуваат добродушни граѓани, фирми, донатори.

– „Во пресрет на 3 декември, Светскиот ден на хендикепираните лица, Дневниот центар доби донација од Агенцијата за управување со одземен имот. Тоа се платна, материјали за шиење кои нашите корисници од центарот ги употребуваат на активацијата со шиење на машина, која исто така е донација“ – изјави за GevgelijaNet Мери Кузмановска, специјален едукатор и рехабилитатор која работи во Дневниот Центар Гевгелија.

Секое прваче доби подарок гипсена изработка од Дневниот центар
Радост голема за првачињата

Посебна благодарност беше искажана и за учениците од ООУ „Петар Мусев“ од Богданци кои имале своја хуманитарна донторска акција помеѓу учениците и собрани се основни намирници кои се подарени/донирани за потребите на корисниците од Дневниот Центар Гевгелија.

Ака вака почнува декември, со хуманост и донации, нека продолжи и понатаму добротата на луѓето и кон тие на кои им е потребна помош, и на тие кои од срце сакаат да подарат и израдуваат некого!
СРЕЌЕН 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со хендикеп!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Денес, 1 декември, стартува ефтината дневна тарифа за домаќинствата

Next Post

1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

Next Post
1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

1 Декември - Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ЛАНА од Гевгелија – ТРЕТО место на Државно првенство во шах

ЛАНА од Гевгелија – ТРЕТО место на Државно првенство во шах

10 месеци ago
СРЕЌНО МЛАДЕНЦИ !

СРЕЌНО МЛАДЕНЦИ !

1 година ago
Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

2 години ago
Македонецот Миле – добротворот од Халкидики

Македонецот Миле – добротворот од Халкидики

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“
  • РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина
  • Влатко Семенаков Победник на „Гевгелиски Велотлон 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025
РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

мај 18, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist