Викендов полициските службеници од југот на државата лишиле од слобода две лица – 50 годишна жена од Валандово и 50 годишен грчки државјанин. И двете притворања се евидентирани во полицискиот билтен на МВР, извршени во подрачјето на надлежност на ПС Валандово и ПС Гевгелија.
Притварањето на странскиот државјанин се случило рано утрово, на 20 минути после полноќ на ГП „Богородица“. Во Полицискиот извештај е наведено:
На 03.12.2023 во 00:20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода A.A.(50) од Република Грција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето е евидирано на стоп листа со мерка „Апси“.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Притварањето на жителката од Валандово се случило доцна синоќа, на полсаат пред полноќ. Во Полицискиот извештај се вели дека:
На 02.12.2023 во 23.30 часот во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово ја лишиле од слобода С.В.(50) од Валандово затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.