Меѓународниот Ден на лицата со попреченост 3-ти Декември и Националниот ден на лицата со телесен инвалидитет 4-ти Декемвр, беа одбележани со одржана трибина и промоција на играта „Бочија“ од страна на членовите на Здружениеот на граѓани „Мобилност“ од Гевгелија.
Како лица со телесен инвалидитет, членовите на Здружението „Мобилност“ ги чувствуваат своите здравствено-физики ограниувања, но се ориентирани да се залагаат за подобрување на приемот на овие лица во општествените случувања, нивната мобилност, пристапностна институциите и севкупното подобрување на нивната вклученост и активност во општеството.
Во тој контекст претседателката на Здружението Даниела Гошева Кангов на одржаната трибина се осврна на успешните остварувања на „Мобилност“ Гевгелија на тој план.
– „На локално ниво од минатата година до сега многу од поставените барања и цели се остварени. Донирани се три електромоторни помагала од страна на Општина Гевгелија, се донираше адаптирано комбе од Фондација „Ице Бегов“ на општина Гевгелија на кое како крајни корисници сме ние, од Центарот за социјална работа Гевгелија на Заедницата на инвалидски здруженија. Возилото беше донирано за потребите на сите здруженија. Се воведе личната асистенција преку Црвен Крст Гевгелија како провајдер и давател на услугата. Направени се пристапни рампи на тротоарите по целата должина на улицата „Маршал Тито“ од двете страни, со што се овозможи лицата со количка да можат да се движат по неа“ – истакна Даниела Гошева Кангов .
Таа додаде дека: – „Работа има уште многу, инклyзијата ќе се случи тогаш кога општеството и бизнис секторот и сите ќе овозможат да нема архитектонски бариери, и тогаш кога ќе ни се обезбедат адекватни, модерни и соодветни ортопедски помагала кои ни се неопходни за да се движиме“.
На настанот беа доделени Благодарници од името на ЗГ „Мобилност“ до институции и личности кои помагаат во остварување на целите на заедниицаа граѓани од „Мобилност“ Гевгелија, а тоа се: Центарот за социјални работи Гевгелија, Црвен крст Гевгелија, Општина Богданци, пратеничките во Републичкото Собрание од Гевгелија, доброволци, активисти.
Во интерес на спортската активација на членивите на „Мобилност“, радоста која ја носи спортувањето, физичката активација, па и победата, беше презентирана играта „Бочија“ која е лесно пристапна и изводлива со мал физички напор и може да ја играат лица со најтешка телесна попреченост.
Бочија играа ревијално сите заедно, и членовите на „Мобилност“, лицата со инвалидитет и гостите на трибината..
„Задоволството беше големо кај сите да се види инклузија на дело“ е оценката од работниот ден на „Мобилност“ по повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Инаку, Заедницата на инвалидски организации при општина Гевгелија ја сочинуваат четири здруженија:
Здружение на телесни инвалиди „Мобилност“
Здружение на слепи
Здружение на глуви
Здружение на лица со интелектуална попреченост – „Порака“.
Сите заедно го негуваат принципот на заедништво и потеба од инклузија во општеството кое треба да им го олесни животот со постојниот инвалидитет. Заедно, во рамките на регионот Гевгелија, Богданци и Дојран во оваа Заедница партиципираат близу 200 лица.
Настанот се одржа во Пионерскиот дом во Гевгелија.
Фото: „Мобилност“ Гевгелија