Членови на Средношколската заедница од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија беа во посета на Центарот за лица со попреченост „МАЈКА ТЕРЕЗА“ со што заедно го одбележаа Меѓународниот ден посветен на овие лица, 3 Декември.
Учениците присуствуваа во Образовниот центар за лица со попреченост „Мајка Тереза” – Гевгелија и заедно со тамошните посетители, корисници, штитеници реализираа еден заеднички работен ден во креации, изработки, дружење и весела атмосфера.
Со лепак, хартија, ножички, боички, беа изработени различни новогодишни украси кои ќе бидт изложени на штандот на „Мајка Тереза“ на претстојниот „Новогодишен базар“, а средствата ќе бидат донирани таму каде што се најпотребни.
Учениците беа топло и срдечно пречакани од домаќините и штитениците на „Мајка Тереза“ така што дружбата после вредната работа прерасна во игра, смеа и македонско оро широко, валовито разиграно..
И, така, сега кога знаете колку труд и насмевки собрале во себе изработките на децата од „Мајка Тереза“ за претстојниот Базар, Вие не ги заобиколувајте – Купете нешто за да ја почувствувате во срцето Вашата добрина, а средствата ќе отидат некаде каде што пак ќе покажат добрина некому, некаде пред Нова Година, за среќа, за радост.
Хуманоста облагородува и ја шири и храни сечија праведна душа, па и на вредните средношколци и добродушните и гостопримливи посетители на Центарот „Мајка Тереза“.