Мајката на 14-годишното девојче, кое настрада од рацете на монструозната група мажи, за српскиот медиум „Република“ изјави дека едвај зборува и дека сè уште се прашува зошто нејзиното невино дете не е повеќе со нас.
– „Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“ – изјави Зорица Ѓорчевска
– „Не можам да сфатам како и зошто моето преубаво девојче е во гроб. Јас имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознам вистината, а другата ќерка моментално е болна. Сите се надеваме дека ќе биде добро“ – рекла Зорица и дополнила дека не знае зошто се случило ова, бидејќи со таткото биле во добри односи за доброто на децата.
Ѓорчевска објаснила дека со таткото на Вања биле разделени пет години, но никогаш не се расправале околу старателството и воспитувањето на децата.
– „ Неговиот живот не ме интересираше. Мојот живот беа децата и мојата работа. Беше оставен на мир за да и тој мене ме остави на мир“ – вели за својот бивш сопруг мајката на Вања, Зорица. Ѓорчевска.
Ужалената мајка вели да се почека истрагата пред да се носат какви и да било заклучоци.
ИЗВОР: Republika.rs