Вчера, на 07.12.2023 во 09:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во село Селемли, општина Богданци, бил пронајден починат 43-годишен маж.
Била повикана екипа на Итната медицинска помош од гевгелиската болница со цел стручно да се констатира состојбата на 43 годишникот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција. Со оваа постапка треба да се открие причината и времето на смртта кај средновечниот жител на с.Селемли.