Проектот „Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос“ веќе година и пол се имплементира во рамките на меѓуграничната соработка при заштита од поплави, меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Проектот има за цел создавање на ефикасна меѓугранична соработка помеѓу двете соседни земји Македонија и Грција за управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос.
Примарниот елемент вклучува размена на информации и податоци, како и развој на заедничка стратегија за меѓусебна помош и соработка во случај на поплава.
Една од примарните цели во тој правец, е подобрување на соработката и протокот на информации, за побрзо и поуспешно реагирање од двете зaсегнати страни.
За таа цел, инсталирана е мерна опрема на реката Вардар на стратешки точки во Демир Капија и Гевегелија, со која се обезбедуваат информации и се следи нивото на водата, како и други клучни карактеристики за навремено да се реагира во случај на опасност од поплавување.
Меѓу другото, овој проект обезбедува едукација на населението, со посебен акцент на ранливите категории. Се вршат обуки и работилници од страна на експерти, ангажирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел лицата правилно да се справуваат пред, за време и после поплавите.
Значајност на проектот:
Овој проект има голема значајност во засилувањето на меѓуграничната соработка при справување со поплавите меѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Преку размената на искуства и заедничките напори, проектот допринесува за поефикасно и навремено предупредување и реагирање во случај на поплавување од реката Вардар.
Финансирање и партнери:
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку програмата INTERREG IPA и земјите учеснички. Главниот партнер е Децентрализираната администрација на Македонија-Тракија (ДАМТ), а партнери се Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и енергетика на Република Грција.
Проектот се спроведува во период од Јули 2022 до Декември 2023 година.
Информации за проектот:
Сите заинтересирани може да најдат повеќе информации на проектната веб
страна www.floodshield.eu,
додека прирачникот за само-заштита при поплави, на
македонски јазик, може да се најде на ЛИНКОТ :
https://www.ipa-cbc-programme.eu/gallery/Files/events/PROJECTS/FLOOD%20SHIELD/booklet_mk_web.pdf