Празничната викенд раздвиженст донесе зголемен сообраќај на патиштата, но и евидентирана тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби пешак од Дојран.
Во полицискиот извештај е наведено следново:
– „На 09.12.2023 (сабота) во 21:10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „Шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија“ – известува МВР.
На социјалните мрежи дојранчани изразуваат сочувство за својот сограѓанин Дане, за кој велат дека трагично загинал во „немил настан којшто ни се случи пред очи и покрај сите укажани напори да го спасиме нашиот сожител“.