Белобрадиот и весел Дедо Мраз од вчера е во центарот на Гевгелија – предновогодишна атракција за децата, минувачите, па и за градските кучиња.
Сите пријатно изненадени од црвениот гостин кој дели насмевки, шмеќерски пози, гласно одобрување на задоволството со својот извик: Хо, хо, хооо…
Овде ќе биде се’ до Новата Година и прв ќе ја дочека Новогодишната елка.
Празници идат!
Новиот посетител на Гевгелија на кој сите му се радуваат е дочекан со честитки (лајкови) и на социјалните мрежи.